Почетна » Новости » Занимливости » Гушкајте силно! Денес е Светскиот ден на прегратката

Гушкајте силно! Денес е Светскиот ден на прегратката

Кога последен пат топло ги прегрнавте саканите неочекувано, спонтано, без причина? Не чекајте и направете го тоа веднаш.

Денес се празнува Светскиот ден на прегратката, неофицијален празник кој цели да нè поттикне почесто да ги обвиваме рацете околу членовите од семејството, пријателите, партнерот... Празникот започнал да се одбележува прво во САД во 1986 година, но подоцна бил прифатен од многу држави низ светот.

Прегратки

21 јануари е избран како датум за овој позитивен празник, бидејќи е на средина помеѓу Божиќ (католички) и Св. Валентин, кога се смета дека луѓето се подепресивни и емотивно истоштени.

Светскиот ден на прегратката е шанса да му покажете на светот дека мирот започнува токму од вас. Велат дека најдобрите мали задоволства во животот се бесплатни, а прегратката дефинитивно е едно од нив.

Во чест на овој празник еве неколку убави цитати:

„Прегратката на мајката трае долго откако ќе престане.“

Непознат автор Прегратки

„Независно колку цврсто ги гушкате вашите пари, тие никогаш нема да ви возвратат.“

Џексон Браун Џуниор

„Велат дека Дизниленд е најсреќното место на светот, но очигледно не се нашле во твојата прегратка.“

Непознат автор Прегратки

„Прегратката е како бумеранг, ја добиваш назад веднаш.“

Бил Кејн

„Кога прегрнуваш дете, секогаш биди последниот кој ќе ги тргне рацете. Никогаш не знаеш колку долга прегратка му е потребна.“

Непознат автор

„Тоа е она што го прават луѓето кои те сакаат. Ги обвиваат рацете околу тебе и те сакаат дури и кога не си баш за сакање.“

Деб Калети

„Обожавам да се гушкам. Посакувам да бев октопод за да можам да прегрнам десетмина истовремено.“

Дру Баримор Прегратки

„Не можеш да ја обвиеш љубовта во кутија, но можеш да обвиеш личност со прегратка.“

Непознат автор

„Имам подарок за тебе, но ќе морам да ти ги позајмам рацете како украсна хартија.“

Непознат автор

„Понекогаш тивката прегратка е единственото нешто што треба да го кажете.“

Роберт Браулт

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.