Почетна » Новости » Занимливости » 16 цитати од инспиративната Маја Анџелоу која почина денеска

16 цитати од инспиративната Маја Анџелоу која почина денеска

Почитуваната американска писателка и активистка Маја Анџелоу денеска издиша за последен пат во својот дом. Имаше 86 години.

„Таа живееше како учителка, активистка, артистка и човечко суштество. Беше борец за еднаквост, толеранција и мир“ – се вели во пораката на семејството на Анџелоу.

По смртта на авторката на „I Know Why the Caged Bird Sings“, остануваат нејзините зборови да сведочат за нејзината мудрост.

Маја Анџелоу

„Труди се да бидеш виножито во нечиј облак.“

„Никогаш не поставувај некого за свој приоритет ако ти за него си само опција.“

„Ако секогаш се трудиш да бидеш нормален, никогаш нема да дознаеш колку неверојатен можеш да бидеш.“

„Ако не ти се допаѓа нешто, промени го. Ако не можеш да го промениш, промени го твојот став. Не се жали.“

„Не им верувам на луѓето кои не се сакаат себеси, а сепак ми велат: Те сакам. Една африканска поговорка вели: Внимавај кога гол човек ти нуди маица.“

„Ѝ се восхитуваме на убавината на пеперутката, но ретко ги признаваме промените низ кои таа поминала за да ја достигне таа убавина.“

„Научив дека можеш да кажеш многу за една личност по тоа како се справува со три нешта: дождлив ден, загубен багаж и заплеткани новогодишни сијалички.“

„Ако имаш една насмевка во тебе, дај им ја на луѓето кои ги сакаш.“

„Огорченоста е како рак, го јаде домаќинот. Но, лутината е како оган, гори сѐ пред себе.“

„Љубовта не познава граници. Скока преку препреки, прескокнува огради, навлегува во ѕидови за да пристигне на својата дестинација полна со надеж.“

„Не можете да ја исцрпите креативноста. Колку повеќе ја користите, толку повеќе имате од неа.“

„Може да наидеме на многу порази во животот, но никогаш не смееме да дозволиме да бидеме поразени.“

„Никогаш не им верувам на луѓе кои не се смеат.“

„Најдобар подарок кој можете да си го дадете себеси е да простите. Простете им на сите.“

„Љубовта е како вирус. Може да му се случи на кој било во кое било време.“

„Научив дека луѓето ќе заборават што си кажал, луѓето ќе заборават што си направил, но луѓето никогаш нема да заборават какви чувства си им побудил.“

Маја Анџелоу

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.