Почетна » Новости » Занимливости » Ви недостига гушкање? Денес е светскиот ден на прегратката

Ви недостига гушкање? Денес е светскиот ден на прегратката

Прегратката има голема моќ. Никој од нас не може да остане рамнодушен на топол физички допир со кој изразуваме љубов, грижа, пријателство, утеха и внимание.

Речиси цела година коронавирусот нè спречува да се гушкаме со лица кои многу ги сакаме и цениме. Но сепак, да не заборавиме дека денес се одбележува Светскиот ден на прегратката.

Светски ден на прегратката

Празникот започнал да се одбележува прво во САД во 1986 година, но подоцна бил прифатен од многу држави низ светот. Датумот 21 јануари е избран бидејќи е на средината помеѓу Божиќ (католички) и Св. Валентин, кога се смета дека луѓето се подепресивни и емотивно истоштени.

Светски ден на прегратката

Во чест на овој празник, еве неколку убави цитати:

„Прегратката е како бумеранг, ја добиваш веднаш назад.“

Бил Кејн

„Прегратките се универзален лек.“

Непознат автор

„Еден ден некој ќе те прегрне толку силно, што сите скршени делчиња од тебе ќе се состават повторно заедно.“

Непознат автор

„Прегратката на мајката трае долго откако ќе престане.“

Непознат автор Светски ден на прегратката

„Научив дека постои повеќе моќ во добра силна прегратка отколку во илјадници значајни зборови.“

Ен Худ

„Понекогаш тивката прегратка е единственото нешто што треба да го кажете.“

Роберт Браулт
Светски ден на прегратката

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.