Почетна » Новости » Занимливости » 26 моќни цитати од Ема Вотсон за нејзиниот 26. роденден

26 моќни цитати од Ема Вотсон за нејзиниот 26. роденден

Ема Вотсон го прославува својот 26 роденден. Британската актерка израсна пред очите на љубителите на филмот. Ја запознавме како Хермиона од филмовите за Хари Потер, а денес е почитувана активистка и амбасадорка на добрата волја на Обединетите Нации, која не се плаши да се декларира како феминистка и која стои зад кампањата за родова еднаквост „HeForShe“ (Тој за Таа).

Харизматичната девојка е едно од ретките деца-ѕвезди до чие име не е испишан скандал. По повод нејзиниот роденден, прочитајте некои од нејзините најинспиративни цитати:

Ема Вотсон

„Феминизмот стана непопуларен збор. Жените избираат да не се идентификуваат како феминистки. Очигледно јас сум меѓу оние жени чии ставови се сметаат за премногу силни, премногу агресивни, изолирачки, анти-мажи. Не е важен зборот. Важна е идејата и амбицијата зад неа.“

„Најтажното нешто што една девојка може да го направи е да се оглупи заради момче.“

„Не сакам другите луѓе да одлучуваат која сум јас. Сакам тоа да го одлучам сама.“

„Навистина верувам дека убавината доаѓа однатре.“

„Мојата идеја за секси е „помалку е повеќе“. Колку помалку откриваш, толку повеќе луѓето ќе се интересираат.“

„Не се чувствувај глупаво ако не го сакаш она што сите други глумат дека го обожаваат.“

„И мажите и жените треба да се чувствуваат слободни да бидат чувствителни. И мажите и жените треба да се чувствуваат слободни да бидат силни... Време е сите ние да го гледаме полот како спектар, а не како две спротивставени сетови од идеали.“

Ема Вотсон

„Гледам многу жени кои имаат проблеми со љубовта кон себе. Тие знаат дека е многу важно да се сакаш себеси, слушаат за тоа, читаат за тоа во книгите и списанијата, но навистина е тешко да се постигне.“

„Нема ништо интересно во тоа да изгледаш совршено, се губи поентата. Тоа што го носиш треба да зборува нешто за тебе, за тоа која си ти.“

„На младите девојки им се всадува идејата дека треба да бидат како принцези, деликатни и нежни, а тоа е сра*е. Јас повеќе се поистоветувам со идејата да сум воин, да сум борец.“

„Во моментите на колебање, си велев: Ако не јас, кој? Ако не сега, кога?“

„Кога на 15 години моите другарки започнаа да се откажуваат од саканите спортски тимови за да не станат премногу мускулести, и кога на 18 години моите машки пријатели започнаа да ги сокриваат своите чувства, решив дека сум феминистка.“

„Ако се залагаш за еднаквост, ти си феминистка. Жалам што морам да ти го кажам тоа, но ти си феминистка.“

„Не дозволувај никому да ти кажува што можеш да правиш, а што не, или пак што можеш да постигнеш. Не дозволувај го тоа.“

„Сè што можам да правам е да ги следам своите инстинкти, зашто никогаш нема да ги задоволам сите.“

Ема Вотсон

„Можеби звучи како клише, но научив дека нема да се заљубиш во вистинската личност пред вистински да се засакаш себеси и да се чувствуваш добро за тоа што си.“

„Ако престанеме да се дефинираме себеси со тоа што не сме и ако започнеме да се дефинираме себеси со тоа што сме, сите ќе бидеме послободни.“

„Немам совршени заби. Не сум слаба како стап. Сакам да сум личност која се чувствува одлично во своето тело и може да каже дека се сака себеси и дека не би променила ништо кај себе.“

„Ако сакаш да се кандидираш за премиер, направи го тоа. Ако не сакаш, и тоа е прекрасно. Бричи ги пазувите, не бричи ги, еден ден носи апостолки, следниот носи штикли. Овие нешта се небитни и само површност на она што е важно. Сакаме да ги поттикнеме жените да го прават она што го сакаат, да бидат доследни на себе, да имаат можност да напредуваат.“

„Возбудена сум за процесот на стареење. Повеќе ме интересираат жени кои не се совршени. Тие се понеодоливи.“

„Со фотошоп и дигитална манипулација, модата може да прожектира недостижен имиџ кој е опасно нездрав.“

Ема Вотсон

„Нема ништо лошо во тоа да се плашиш. Не треба да има отсуство на страв, важно е да го надминеш стравот. Понекогаш треба да јурнеш и да имаш надеж.“

„Не сакам стравот од неуспех да ме спречи да ги правам нештата кои ги сакам.“

„Тажно е што учиш само од искуство. Колку и да ти кажуваат луѓето одредени работи, мораш да излезеш и да правиш свои грешки со цел да учиш.“

„Постојано си повторувам себеси дека сум човечко суштество, несовршено човечко суштество кое не е создадено за да изгледа како кукла.“

„Биди силна, сакај и верувај во себе.“

Ема Вотсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.