Почетна » Новости » Занимливости » Волонтери бесплатно го реновираа домот на хендикепирано дете

Волонтери бесплатно го реновираа домот на хендикепирано дете

Великодушноста на група волонтери, кои работеле бесплатно за да го реновираат домот на хендикепирано дете со цел да го направат побезбеден и попријатен за него, ќе ви ја врати вербата во човештвото.

Семејството Смит и волонтерите

4-годишниот Ејден Смит страда од многу ретка болест, која предизвикува чести епилептични напади и поради која малото дете мора да користи инвалидска количка и има изразен деформитет на лицето. Неговите родители и постариот брат биле принудени да го продадат стариот дом, бидејќи Ејден не можел безбедно да се движи низ него.

Семејството Смит

Родителите Карл и Вики Смит купиле стара куќа која просторно била совршена за Ејден, но била во многу лоша состојба. Бидејќи Карл немал многу искуство за да реновира сам, побарал помош од неколку познаници. Но, тој не очекувал дека ќе наиде на цела армија од електричари, ѕидари, бојаџии и водоводџии, кои несебично ќе му ја понудат својата помош.

Домот на семејството Смит Домот на семејството Смит Домот на семејството Смит

Апелот за помош „Aid for Aidan“ брзо се проширил онлајн и одеднаш куп волонтери се појавиле во куќата на Карл за да помогнат. „Момчиња, дрводелци, водоводџии, работници, сите влегоа низ мојата нова врата како целосно непознати лица, но заминаа како мои доживотни пријатели. Тоа е нешто кое ти ја враќа вербата во човештвото. Го обожавам овој град и луѓето во него, поради тоа што го направија за нас и поточно за мојот син“ – рекол Карл, кој минатата година се откажал од своето работно место за да се грижи за синот.

Семејството Смит Семејството Смит Новиот дом на семејството Смит Семејството Смит

Помошта за англиското семејството доаѓала отсекаде. Некои лица дури патувале по 80 километри за да им помогнат на грижливите родители. Еден од најемоционалните моменти за мајката на Ејден, Вики, бил кога таа се јавила за да повика бојаџија за обновување на фасадата на куќата. „Добив мејл од него во кој пишуваше дека тој ќе работи 40 часа бесплатно. Солзи ми бликнаа од очите. Листата продолжува понатаму и понатаму“ – рекла таа.

За кратко време куќата на семејството Смит била претворена во безбеден дом. Благодарение на поставениот лифт и рампата за инвалидски колички, Ејден сега лесно може да се движи низ својот нов дом.

Семејството Смит

„Звукот на смеата сега го исполнува нашиот дом“ – рекол Карл и додал дека животот на неговиот син значително се подобрил.

 Ејден и ДаниелЕјден и неговиот брат Даниел Ејден Џековијак Смит

Се проценува дека помошта која ја добило семејството на малото момче им заштедило повеќе од 75.000 долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20797 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.