Почетна » Новости » Занимливости » 10-годишно девојче на Божиќ нахрани 50 бездомници во чест на покојниот татко

10-годишно девојче на Божиќ нахрани 50 бездомници во чест на покојниот татко

Грејси Мекнолти одбила да го прослави првиот Божиќ по смртта на својот татко со вообичаените забавни активности. 10-годишното девојче имало на ум нешто посебно – да му ја исполни желбата на починатиот татко.

Со помош на своето семејство, добродушната Грејси од Дјусбери, Западен Јоркшир, нахранила 50 бездомници на Божиќ.

Грејси10-годишната Грејси

Нејзиниот татко Крег редовно волонтирал во хуманитарни организации и служел појадок за бездомниците на денот по Божиќ. Но, оваа година планирал токму на Божиќ да го отвори семејното кафуле и да им понуди топол оброк на бездомниците.

За жал, 38-годишниот работник на покрив паднал на работното место и починал како резултат на здобиените повреди на главата.

Шерон Мекнолти, мајката на Грејси, изјавила дека иницијативата за топлиот божиќен оброк била на Грејси. „Откако тој почина, Грејси ми рече: Не сакам Божиќ да го минам дома оваа година, сакам да го правам тоа што тато го сакаше и да го отворам кафулето на Божиќ. Не би било пријатно да славиме, па на Божиќ им служиме вечера на луѓето кои немаат дом. Сите мислиме на Крег. Сè е во негова чест. Тој би бил многу среќен за ова што го правиме“ – рекла таа.

Кафулето на Грејси

Освен празничен оброк, семејството приготвило и термо чорапи, ракавици и шалови, како и сендвичи.

За вечерата семејството поделило билети во хуманитарни организации кои им помагаат на бездомниците, а нивната општина донирала пари за да го финансира настанот.

„Тоа беше најубавиот Божиќ досега. Бев на училиште и се чувствував тажно поради смртта на татко ми, па решив да направам нешто со кое тој би се гордеел, а ова беше совршеното нешто. Луѓето доаѓаат и ме нарекуваат ‘супер грејс’. Не ја имам прашано мајка ми, но сакам да го правам ова секоја година“ – изјавила Грејси за Daily Mail.

Кафулето на Грејси

„Крег беше најдарежливата личност која можете да ја запознаете. Го помина својот живот усреќувајќи ги другите луѓе и се надеваме дека ние ќе можеме да го продолжиме тоа“ – додала Шерон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20906 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.