Љубовта на Ли Вилсон кон сопругата е преголема, вистинска и вечна.
70-годишниот фармер од Канзас засади 1,2 милиони сончогледи за да ја изненади саканата Рене за 50-годишнината од нивната свадба.
Огромното поле од над 300.000 m2, Ли го посади со помош на нивниот син.
„Па, ја славиме 50-годишнината од свадбата на 10 август и што може еден маж да ѝ купи на својата сопруга за 50-годишнината. Размислував многу за тоа, а таа отсекогаш сакаше сончогледи“ – изјавил Вилсон.
Рене била пресреќна и многу изненадена од овој гест. „Тоа направи да се чувствувам многу посебно. Не можеше да најде посовршен подарок за годишнината од поле со сончогледи“ – рекла таа.
Ли и Рене биле заедно од средно училиште.
Оваа прекрасна глетка со сончогледи ќе трае само околу две недели.