„Нема да бакнувам други жени, бидејќи овие усни се наменети само за една“ – Нил Мекдона.
Славниот актер разнежнува многу срца со неговата одлука да не бакнува други жени освен сопругата, дури и по цена да изгуби филмска улога.
Ѕвездата од филмови и серии како „Star Trek: First Contact“, „Minority Report“, „Arrow“и „Desperate Housewives“ е во брак со Руве Робертсон со која има пет деца.
По нивното стапување во брак, Нил се заколнал дека нема да бакне друга жена, ставајќи го семејството пред кариерата. Тој сега прифаќа само улоги кои не го принудуваат да снима романтични сцени.
Многумина се одушевуваат на оваа негова постапка, а тој вели: „Во животот имаш една шанса за да ги направиш нештата на најдобриот можен начин. Нашата врска за мене е најважното нешто на светот“ – вели Мекдона и додава „Зошто да купувам бургер кога имам бифтек дома?“.
Нил е најмал од шесте деца во неговото семејство. Тој страда од дислексија, но отсекогаш умеел да мами насмевки кај другите луѓе. По завршувањето на образованието, му се посветил на актерството.
Мекдона е добитник на наградата „Best Actor Dramalogue“ за неговата улога во „Away Alone“.
Нил и Руве случајно се запознаа во 2000 година, а тој вели дека се вљуби во неа на прв поглед. Тие стапија во брак на 1 декември 2003 година.
За важноста на семејството и семејните вредности, Нил и Руве велат: „Кога ја гледаш љубовта, учиш од примерот. И ако си верен, грижлив, ако се обидуваш да ги направиш вистинските нешта, ако се извинуваш кога ќе згрешиш, водиш со пример и тоа е она што ние сакаме да го направиме“.
Нил беше отпуштен од серијата „Scoundrels“ поради тоа што одби да снима сцени со бакнување.