Приказната на Арчи Вилијамс ја трогна публиката на „America's Got Talent“, а неговата изведба го обиколува светот.
Вилијамс лежел речиси 37 години во затвор за силување и обид за убиство кои не ги извршил.
На 22-годишна возраст бил уапсен за силување и напад со нож на 30-годишна жена. „Не можев да поверувам што се случуваше. Знаев дека сум невин. Но, бев сиромашно црно дете и економски не бев способен да се борам со државата Луизијана. На судењето, ниту еден од отпечатоците не се совпаѓаше со моите. Тројца луѓе сведочеа дека бев дома, но тие сакаа некој да плати“ – раскажа тој.
Организацијата Innocence Project минатата година докажа дека Вилијамс е невин и тој беше пуштен на слобода.
„Отидов во затвор, но не дозволив мојот ум да оди во затвор“ - вели тој низ солзи.
Во шоуто, инспиративниот маж ја отпеа „Don’t Let The Sun Go Down On Me“ и го фасцинира жирито, а и Елтон Џон не остана рамнодушен.
Видео
I was moved to tears when I heard Archie’s story and saw him perform "Don’t Let The Sun Go Down on Me". The courage and forgiveness shown by him is truly inspiring. The same spirit that the world found so inspiring with Nelson Mandela. Love, E xx https://t.co/oYxM3IyvWB
— Elton John (@eltonofficial) May 26, 2020