Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Неконвенционална реклама за шминка со искрени исповеди

ВИДЕО: Неконвенционална реклама за шминка со искрени исповеди

Навистина е невообичаено да се каже дека една реклама за шминка е инспиративна, но новите промотивни видеа на брендот „Dermablend“ се поразлични од гламурозните реклами со кои компаниите секојдневно нè бомбардираат.

Во видеата, две девојки наместо да го „камуфлираат“, тие го покажуваат своето вистинско лице.

Главни лица во кампањата се Касандра Бенксон, YouTube ѕвезда која страда од акни и која се прослави со својот туторијал за прикривање на акнеста кожа и Шери Линдзи, девојка која страда од витилиго, заболување кое се карактеризира со бели дамки на кожата.

Во видеата Касандра и Шери седат пред камера и со влажна крпа го бришат своето лице. Откако ќе го откријат својот проблем, тие зборуваат за потешкотиите со кои се соочувале. Касандра раскажува дека постојано била исмевана на училиште.

Во еден од најтешките периоди од животот, таа ја добила и најсуровата навреда. Имено, кога нејзиниот сакан дедо бил на смртна постела, некој ѝ рекол дека е добро што тој умира бидејќи нема да мора никогаш повеќе да го види нејзиното лице. „Кога секојдневно слушаш такви нешта, станува тешко да се сакаш себеси“ – вели таа.

Двете девојки испраќаат порака дека козметичките производи на „Dermablend“ им помагаат не да се „сокријат“, туку да се покажат пред светот, бидејќи другите луѓе ќе можат да се фокусираат на нив и нивниот карактер, а не на кожните проблеми.

Касандра Шери

Во 2011 година, „Dermablend“ објави интересна реклама за ефикасноста на нивниот коректор за тело. Во видеото главната улога ја има Рико (момчето зомби), модел чиишто лице и тело се истетовирани за да личи на скелет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21940 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.