Почетна » Новости » Занимливости » Божиќна реклама во која ќе се заљубите: „Човекот на месечината“

Божиќна реклама во која ќе се заљубите: „Човекот на месечината“

Празниците се ближат, а големите светски компании веќе започнуваат да ни го будат празничниот дух.

Британската компанија „John Lewis“ создаде емотивна реклама, која не само што раскажува една прекрасна бајка, туку и ни пренесува моќна порака – „Покажете некому дека е сакан овој Божиќ“.

Приказната е за девојчето Лили кое преку семејниот телескоп открива човек на месечината. Малото девојче постојано го набљудува и открива дека тој е многу осамен, а потоа започнува да смислува начини како да му покаже дека некој постојано мисли на него.

Поттикнати од тажната статистика дека милион стари лица во Британија минуваат и по еден месец без да разговараат со некого, вработените во „John Lewis“ се обидуваат да ја зголемат свеста кај јавноста за овој проблем.

„Се надеваме дека ќе ги инспирираме луѓето да пронајдат навистина специјални подароци за саканите. Преку партнерството со Age UK ја подигнуваме свеста за осаменоста меѓу старите лица и ги поттикнуваме другите за поддршка на каков и да било начин“ – велат од компанијата.

Песната од видеото е „Half the World Away“ од Oasis, препеана од норвешката пејачка Аурора Акснес.

Погледнете ги божиќните реклами на „John Lewis“ од претходните три години:

2014

2013

2012

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.