Почетна » Новости » Занимливости » Љубовна приказна во романтична реклама за гуми за џвакање

Љубовна приказна во романтична реклама за гуми за џвакање

Романтична реклама за гуми за џвакање ќе ве разнежни. Видеото ја следи љубовната приказна на Сара и Хуан, а се фокусира на моменти низ кои минуваат сите врски – првиот разменет поглед, првиот бакнеж...

Во секоја од сцените парот споделува гума за џвакање, а Хуан постојано црта на обвивките. Крајот на видеото ќе ви открие што црта тој и ќе ве преплави со емоции.

Видеото, кое всушност е реклама е за гумите за џвакање „Extra“, досега е прегледувано повеќе од 4 милиони пати на YouTube.

Ова не е првпат популарниот бренд на компанијата „Wrigley“ да ни ги насолзи очите и да нè потсети на моќта на малите гестови. Во 2013 година „Extra“ привлече огромно внимание со рекламата „Оригами“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20784 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.