Почетна » Новости » Занимливости » Божиќна реклама за осамен старец ќе ве потсети на тоа што е најважно за празниците

Божиќна реклама за осамен старец ќе ве потсети на тоа што е најважно за празниците

Пред Божиќ, зад Божиќ, кај да си - дома да си!

Реклама на германскиот синџир на супермаркети „Edeka“ на чуден начин ќе ве потсети дека празниците се за веселби и зближување на целото семејство.

На почетокот на видеото, осамен старец слуша телефонска порака во која ќерка му го известува дека нејзиното семејство нема да го посети за време на празниците.

Тажниот старец неколкупати ги поминува празниците сам. Еден ден, неговите блиски добиваат телеграми за смртта на осамениот старец. Со скршени срца сите се враќаат во неговиот дом, каде ги чека изненадување.

„Како инаку ќе ве донесев сите заедно?“ – им вели старецот, пред да започне голема веселба.

Рекламата е огромен хит со над 2,3 милиони прегледувања за само еден ден.

Најчесто луѓето сфаќаат што имаат дури откако ќе го изгубат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.