Почетна » Новости » Занимливости » YouTube ѕвездата со акнеста кожа на модните писти во Њујорк

YouTube ѕвездата со акнеста кожа на модните писти во Њујорк

Се сеќавате ли на девојката која толку многу ја имаше усовршено техниката на нанесување на коректор и пудра што на нејзината кожа не можеше да се забележи ниту една флека, иако страдаше од цистични акни? Касандра Бенксон ја надмина несигурноста, стана модел и вчера самоуверено зачекори на модните писти во Њујорк.

КасандраКадри од неверојатниот мејкап туторијал на Касандра

Кога ќе ги погледнете новите фотографии од Касандра, тешко ќе поверувате дека таа до неодамна била толку засрамена од својот изглед што престанала да оди на училиште со цел да ги избегне соучениците кои ја исмејувале.

Касандра Касандра Касандра

Касандра била нарекувана „Вирусот“, а во една прилика нејзини врсници во училишната кафетерија ѝ фрлиле парчиња пица в лице, викајќи ѝ „Пица лице“. Неколку месеци по инцидентот со пицата Касандра престанала да оди на училиште, започнала да учи дома и завршила средно училиште две години пред нејзините соученици.

„Бев толку уплашена. Кога ќе одев во продавница, малите деца ќе покажеа со прст кон мене и ќе речеа: Мамо што не е во ред со лицето на онаа девојка?“ – раскажала Касандра за Today.

Пред две години таа започнала врска со едно момче, но му го покажала своето вистинско лице дури откако биле заедно неколку месеци. Тој ѝ дал силна поддршка и ја убедил да направи туторијал за да им помогне и на други девојки кои се соочуваат со истиот проблем.

Видеото на Касандра стана хит. Досега на YouTube е изгледано речиси 12 милиони пати. Неколку агенции за модели се заинтересирале за Касандра и таа сфатила дека работите може да тргнат на подобро.

Со помош на дерматолог Касандра успеала за 70% да си ја подобри состојбата на лицето и вели дека во иднина би сакала и самата таа да стане дерматолог за да им помага на други.

Вчера Касандра дефилираше на ревијата на брендот „Boy Meets Girl“. „Се чувствувам како да е сон тоа што сум тука за време на Њујоршката недела на модата. Сега сум поразлична личност од тоа што бев, бидејќи имам многу самодоверба“ – изјавила таа за New York Post.

КасандраКасандра на пистата и зад сцената на ревијата на „Boy Meets Girl“ КасандраКасандра во Њујорк

„Не можеш да го цениш тоа што се чувствуваш прекрасно и што го сакаш животот сè додека не паднеш најниско. Откако сè се промени и го почувствував ова, сакам сите да го почувствуваат“ – изјавила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21935 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.