Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Највпечатливите реклами на Супер Боул 2014

ВИДЕО: Највпечатливите реклами на Супер Боул 2014

Светски познатите компании издвојуваат огромни суми за да допрат до публиката на Супер Боул со своја рекламна порака. Прикажување на рекламен спот од 30 секунди чини неверојатни 4 милиони долари. Па, ТВ-огласувачите се потрудија да ја импресионираат огромната публика од над 100 милиони лица.

На гледачите дефинитивно најомилена им е рекламата за нераскинливото пријателство помеѓу куче и коњ на Budweiser. Рекламата беше објавена неколку дена пред спортскиот натпревар, а досега само на YouTube има над 37 милиони прегледувања.

Освен со рекламата „Puppy Love“, Budweiser ја разнежни публиката и со рекламата „A Hero's Welcome“.

Еве уште неколку од највпечатливите реклами:

Coca-Cola – „It's Beautiful“

Рекламата на Coca-Cola се фокусираше на патриотизмот и ја вклучуваше песната „America the Beautiful“ испеана на повеќе јазици.

Microsoft – „Empowering“

Dannon Oikos Greek Yogurt – „The Spill“

Рекламата за јогурт повторно ги обедини ѕвездите од серијата „Full House“.

M&M – „Delivery“

Раде Шербеџија е мафијаш во рекламата за бонбоните M&M.

Cheerios – „Gracie“

Hyundai – „Dad's Sixth Sense“

Doritos – „Time Machine“

Chevrolet – „Life“

Рекламата е поддршка на Светскиот ден на борбата против ракот, а е во чест на лицата кои ја победиле болеста и оние кои ги поддржувале за време на мачната битка.

H&M

Рекламата со Дејвид Бекам го задржа вниманието на женската публика.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19050 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.