Михаела Јаневска е еден од 12-те пациенти во земјата кои го победија коронавирусот и се пуштени дома.
Младата девојка сними видео во кое ја пее „Stand By Me“, за да ги охрабри останатите пациенти кои се сè уште во болница и се борат со вирусот.
„Откако се изборив со коронавирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејќи своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се сè уште во болница. Ова е за вас“ – пишува Михаела.
Михаела, која се сомневала дека е заразена со Ковид-19, патувала со маска и ракавици во авион од Барселона за Скопје.
По пристигнувањето, таа се пријави за тестирање, беше хоспитализирана и не зарази ниту еден друг патник во авионот.