Кога бевте мали, вашите родители се грижеа за вас, ви ја подаруваа целата љубов и внимание на светот. Ве гледаа како за првпат се насмевнувате, се радуваа заедно со вас на првите чекори, ви ги лекуваа раните кога ќе падневте, ви помагаа со домашните задачи и славеа со вас за вашите петки.
Тие беа личностите кои ви го олеснуваа животот и ви даваа до знаење дека некој секогаш ви го чува грбот.
Па, кога ќе остарат, како ќе им вратите?
Видеото создадено од Bright Side има за цел да нè потсети дека можеби еден ден на нашите родители ќе им биде исто толку тешко да извршуваат обични нешта како облекување и одење, како што некогаш ни беше нам. Погледнете го:
Look after your parents!Posted by Bright Side on четврток, 10 март 2016
Кога бевте мали...

Вашите родители ви помагаа кога ви беше тешко.

Тие ве научија да читате, да пишувате и да го разберете светот.

Па...

Кога ќе остарат...

Едноставните нешта ќе станат тешки за нив.

Ќе им биде тешко да одат, да се облекуваат...

Помагајте им и покажувајте трпение, како што правеа тие за вас.

Грижете се за вашите родители!
