Родители со смисла за хумор на уникатен начин прославија што нивните деца пораснаа и конечно се отселија од семејниот дом.
Бетски и Мич снимија забавна фотосесија по иселувањето на нивното најмало дете од домот, а фотографиите го насмеаја светот.
„Кој рече дека празно гнездо е тажно гнездо?“ – стои во описот на фотографиите на кои парот скока од радост.
„Очекуваме 0 деца. Август 2021“ – пишува на таблата која стои пред нив.