Почетна » Новости » Занимливости » Вакви доктори ни се потребни: Детски хирург создава забавни цртежи на преврските за да ги расположи малите пациенти

Вакви доктори ни се потребни: Детски хирург создава забавни цртежи на преврските за да ги расположи малите пациенти

Детски хирург секојдневно им мами насмевки на своите мали пациенти и нивните родители, развеселувајќи ги нивните преврски по операцијата.

Доктор Роберт Пери деновиве е вирален хит на интернет благодарение на неговата прекрасна душа и љубовта кон работата. Посветениот доктор пред секоја хируршка интервенција одделува време за да поразговара со малите пациенти за нивните хобија и интереси. По операцијата, тој им црта нешто што тие го обожаваат и така им го прави престојот во болница позабавен и помалку трауматичен.

Доктор Роберт Пери Доктор Роберт Пери Доктор Роберт Пери

„Иако пенкалото можеби не е помоќно од скалпелот, детскиот хирург д-р Роберт Пери секогаш одделува време за да се увери дека лузната нема да биде само траен спомен од хируршката процедура на детето. Тој секогаш ги изненадува со рачно насликани преврски од ликови или нешто друго кое го интересира лично детето. Д-р Пери проценува дека досега има создадено цртежи на хируршки преврски за околу 10.000 пациенти“ – пишуваат за него од Детската болницата „Akron“.

Во видео снимено пред неколку години, Пери покажува како ги црта цртежите и зошто го прави тоа.

„Ги прашувам децата или нивното семејство за нивните лични интереси, спорт или нешто друго. Сакам секое дете што ќе го оперирам да има уникатна преврска. Се забавувам додека им ја правам. Децата ги обожаваат, родителите ги обожаваат. Сакам да почувствувам дека им давам нешто, дека сум посветил време. Тоа е човечко суштество и јас му давам дел од себеси“ – вели тој во видеото.

Во коментарите на објавите за него, многу родители му се заблагодарија што им го спасил животот на нивните деца, но и што им ги развеселил преврските на нивните рани. Дел од нив споделија и фотографии од цртежите кои нивните малечки ги добиле од д-р Пери.

„Ни требаат повеќе вакви доктори“ – се повторува во коментарите.

Доктор Роберт Пери Доктор Роберт Пери Доктор Роберт Пери Доктор Роберт Пери Доктор Роберт Пери

Откако некои интернет корисници изразија загриженост за хигиената при цртањето, од болницата одговорија: „Доктор Пери користи слоеви како дел од неговата техника за да е сè стерилно и безбедно. Доктор Пери и неговиот тим екстремно се грижат за своите пациенти и здравјето и безбедноста се нивен приоритет“.

Доктор Роберт Пери

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.