Медицинските работници ги прават најголемите жртви. Докторот Кире Доновски од Ресен не го видел своето синче еден месец, а не можел да биде со него ни на неговиот роденден.
Посветениот лекар, кој моментално е распределен да работи во ковид-центар во Скопје, со фотографија на Facebook му го честиташе 7-миот роденден на синот Александар.

На неа, Доновски држи честитка испечатена на хартија. Во описот на фотографијата тој напиша: „СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АЛЕКСАНДАР, те сака тато...“.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АЛЕКСАНДАР, те сака тато....
Posted by Kire Donovski on Tuesday, December 8, 2020