Малите пациенти на Детската клиника вчера имаа возбудливо попладне, затоа што добија посета од суперхероите Бетмен, Спајдермен и Супермен.
Облечени во костими, обучените волонтери од тимот за спасувања на планина, како дел од тимот за одговор при катастрофи на Црвениот Крст на град Скопје, со јажиња се спуштија од кровот на здравствената установа.
Суперхероите претпразнично се дружеа со дечињата и им мамеа насмевки за да им го олеснат престојот во болницата. Погледнете како изгледаше симулационата вежба „Хероите на моето детство“: