Вработени во Црвениот Крст на град Скопје однесоа насмевки во Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Маскирани во костими од омилените детски суперхерои Бетмен и Спајдермен, тие се спуштија со јаже и им поделија подароци на малите пациенти на клиниката. Целта на овој настан била да им се изрази поддршка на децата за тие јуначки да се справат со предизвиците за време на нивниот престој во клиниката.
Бетмен и Спајдермен се дел од Тимот за спасување на планина, кој е дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот Крст на град Скопје.