Немилите настани кои во последно време ги гледаме насекаде низ светот нè тераат да се запрашаме: „Каде исчезна добрината?“, „Кога престанавме да се сакаме?“.
Во екот на сите лоши случувања околу нас, Bored Panda нè потсетува на убавата страна на нашата планета и на позитивните карактеристики и доблести на луѓето преку фотографии од мали дечиња, кои со своите постапки го направиле светот подобро место за живеење.
„Независно што се случува околу нас, секогаш ќе има некое дете кое спасува пајчиња од одвод или кое го штеди својот џепарлак за да купи путер од кикиритки за кучињата во стационарите. Со деца како овие, иднината ни изгледа светла“ – пишува на сајтот.
Мало детенце, кое му помага на зајаче-скулптура да се качи на ѕид
Дете-херој, кое си го ризикува животот за да спаси бебе срна која се дави за време на поплава во Бангладеш
8-годишниот Ноа, кој заврши мини триатлон со својот неподвижен брат Лукас
8-годишно момче, кое беше исмејувано 2 години што си ја растело косата за да ја донира за деца болни од рак
Бебе, кое се обидува да му ги избрише солзите на расплакан јапонски политичар
3-годишнот девојче, кое ја донира косата за друго девојче болно од рак. Откако неговата мајка му ја објаснила причината за ќелавата глава, тоа рекло: „Тоа може да земе од мојата коса“.
Девојче, кое покрива улично куче со чадор за време на пороен дожд во Мумбај
Мала Филипинка, која спаси куче за време на поплава
Деца, кои им читаат на кучиња во стационар за да ги смират
Девојче, кое си ги продаде плишените животни за да ги донира парите за вистински животни
Бездомно момче, кое ја користи светлината од McDonald’s за да ја напише домашната работа
Сириски бегалец, кој го носеше своето куче 500 км до Грција
Дете, кое сакаше да ја искористи годишната заштеда од 120 долари за им помогне на бездомните. Им направи ручек
9-годишно момче, кое направи засолниште за животни во својата гаража
Деца, кои врзаа јакни на уличните светилки за да ги подготват бездомните за студената зима
9-годишно девојче кое им прави куќарки на бездомните и одгледува зелнчук како храна за нив
6-годишно девојче спасува 8 пајчиња од одвод
Момче, кое игра видео игра со својот пријател кој е во карантин во болница
Малиот Карлитос, кој ја искористи својата заштеда за да им купи путер од кикирики на кучињата во засолниште за животни
Мали дечиња, кои не се познаваат, но решија да си подарат прегратки сред аеродром