Почетна » Новости » Занимливости » Хумористичен кодекс на однесување: 20 правила кои ги почитуваат сите мали деца

Хумористичен кодекс на однесување: 20 правила кои ги почитуваат сите мали деца

Малите деца се непредвидливи, спонтани, бесни палавковци кои имаат моќ да им подарат на родителите неизмерна радост, но и да ги извадат од такт со своите постапки.

Анализирајќи го нивното однесување, слободно може да се каже дека сите тие мали суштества се раководат од заеднички правила според кои живеат секој ден.

Деца

Блогерката Април МекКормик го создаде таканаречениот Детски кодекс на однесување од 20-те детски правила.

  1. Ти си семејниот аларм. Твоја работа е да се будиш секој ден пред да зазори.
  2. СЕКОГАШ какај се в панталони ОТКАКО ќе излезете од дома. Најдобро е да се стегаш додека не заминете од вашата улица и тогаш да ЕКСПЛОДИРАШ!!! За да достигнеш статус на Легенда, направи го ова кога твојот родител екстремно брза да стигне на важна средба.
  3. Немој да бидеш задоволен ако правиш „те едно, те исто“ подолго од 2 минути. Мораш постојано да бидеш во движење. НИКОГАШ НЕ ЗАПИРАЈ!
  4. Ако не сакаш некој да те крене в раце, спушти се на подот колку што е можно пониско. Слободно мавтај со рацете и плачи за да му ја отежниш уште повеќе задачата.
  5. Ако некој се обиде да ти земе нешто, одржи му лекција со тоа што прво ќе го фрлиш, потоа ќе започнеш да скокаш додека ја правиш фацата која вели „ооо, навистина ќе зажалиш за ова“, па ќе паднеш на подот и ќе започнеш да се тркалаш во знак на протест. Врескај и плачи екстра гласно ако сте на јавно место.
  6. Ако не ти се допаѓа храната која ти е сервирана, фрли ја на земја покажувајќи дека ти е одвратна, потоа фрли ја во твоите родители, потоа во мачката/кучето. За да добиеш плус поени, размачкај го остатокот од храната на твојата коса и облеката. Кога ќе ти дадат да се напиеш нешто, веднаш истури го во твојот скут.
  7. Кога и да ти се укаже шанса, тероризирај ги домашните миленичиња за да им ставиш до знаење кој е главен.
  8. НИКОГАШ не дозволувај твој родител да излезе од домот чист. НИКОГАШ! Штом нешто ќе биде кренато од подот, стави нешто друго на неговото место. Добар совет е секојдневно да ја фрлаш храната на мачката/кучето. Слободно замези се од неа.
  9. Ти и само ти имаш контрола врз твојот распоред на спиење. Ако не сакаш да спиеш, не спиј и ако некој упорно сака да те заспие, тогаш дефинитивно не спиј. Дај сè од себе за да се умориш доволно многу за да станеш злобно неподносливо расплакано суштество. Со тоа ќе им покажеш кој е главен!
  10. Секогаш труди се да бидеш пречка. Играј си кај нозете на родителите додека готват, чистат, поправаат нешто, зборуваат на телефон, се подготвуваат за на работа или прават нешто што изгледа како да е барем малку важно.
  11. Извади ги сите играчки од кутијата пред да започнеш да си играш со една од нив. Истото важи и за книги – истргај ги од полиците сите пред да одлучиш да читаш една од нив. Твоја задача е да направиш огромен неред. Дополнителен совет: За да биде уште поинтересно, никогаш не си играј со иста играчка или книга подолго од 1 минута.
  12. Во никој случај не дозволувај менувањето на пелени или седнувањето на нокширот да биде лесна задача. Ако каките не се разнесени насекаде, не си успеал во мисијата.
  13. Секогаш кога си заминувате од паркот врескај и беснеј силно за да изгледа како да си киднапиран. Ако имаш доволно среќа, ова ќе ги даде уште 5 минути на лизгалката.
  14. Во моментот кога ќе проодиш, не дозволувај да те држат. Инсистирај да одиш сам СЕКАДЕ!
  15. Во моментот кога ќе научиш да зборуваш, НЕ ПРЕСТАНУВАЈ! Не се обесхрабрувај ако никој не те разбира, во секој случај продолжи да зборуваш. Ти не си виновен што луѓето се премногу глупави за да те разберат.
  16. СÈ на овој свет ти припаѓа тебе. Слободно допирај сè, криј ги предметите, фрлај ги, удирај ги, крши ги и целосно уништувај ги. Совет: СИТЕ телефони во домот ти припаѓаат тебе – складирај ги во тоалетот.
  17. Твојата мантра е: „Фати ме ако можеш, ти будалетинко!“
  18. „Не“ значи „Браво! Само продолжи!“
  19. НИКОГАШ не прави нешто првиот пат кога тоа ќе биде побарано од тебе.
  20. И на крај најважното правило за детско однесување. За секои пет минути тероризирање на твоите родители, браќа, сестри и/или миленичиња, давај им по една минута чиста слатка љубов за да бидеш сигурен дека сè ти простиле.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19735 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.