За да се заштитат себеси, луѓето неретко им наштетуваат на невини животни.
Бремена слоница во Керала, Индија, почина откако изеде ананас полн со петарди, кој бил поставен од фармери за да ги брка дивите животни.
По инцидентот, повредената слоница се упатила кон река и ја држела устата под вода до смртта.
Оваа трагедија го обиколи светот, па артисти од различни држави насликаа цртежи за несудената мајка и нејзиното неродено малечко.
„Тоа е убиство. Ова е најнасилната област во Индија. На пример, тие фрлаат отров на патиштата, поради што умираат 300-400 кучиња и птици истовремено“ – изјавила активистката Манека Ганди и додала дека во Керала на секои три дена се убива по еден слон.