Болниците знаат да бидат застрашувачки, особено за најмалите пациенти. Артист од Италија се обидува да го направи престојот во болница позабавен и помалку трауматичен за дечињата.
Талентираниот Силвио Ирили ги трансформира белите ѕидови во колоритни бајки, цртајќи прекрасни мурали со омилените ликови од цртаните филмови, како и од подводниот свет.
„Многу е важно нивниот надворешен свет да се пренесе во болницата, за тие да може да продолжат да сонуваат. Затоа, секој мој мурал мора да се поврзе со децата, да им раскажува приказна, за нивната терапија да прерасне во игра“ – објаснува Ирили.
Силвио се занимава со овој проект веќе седум години и има трансформирано оддели во 12 болници, меѓу кои и одделите за онкологија.
„Тоа е порака за добредојде, поддршка за докторите кои мора да го придружуваат пациентот за терапијата. Пред сè, тоа треба да им помогне на пациентите кои се исправени пред патека за која се потребни храброст и достоинство“ – додава тој.
Погледнете фотографии кои прикажуваат како изгледале просториите пред, а како по трансформацијата од вештите раце на Силвио.