Тони Хаџел е мал херој. 5-годишното момче со новите протетички нозе изоди 10 километри во еден месец и со тоа собра 1,5 милион долари за болницата во која му го спасија животот.
Малото детенце од Лондон било физички малтретирано и тепано од своите биолошки родители. Кога имало само 41 ден, завршило во болница со сериозни повреди. Тони бил на работ на смртта, бидејќи родителите не го однесле навреме на доктор зашто „чекале да дојде водоводџија“. Малото бебенце имало бројни фрактури на нозете, развило сепса, имало токсичен шок и повеќе органи му откажувале.
Храброто момче успеа да се избори и преживеа, но докторите во 2017 година морале да му ги ампутираат двете нозе.
Денес, Тони освојува милиони срца ширум светот со својот херојски подвиг. Со поддршката на своите нови родители, тој успеа да го заврши предизвикот од 10 киломери.
Видео:
„Неверојатна е помислата дека пред само неколку недели Тони едвај правеше неколку чекори. Тој е толку силно и решително момче и ние сме многу горди со него. Сакаме да им се заблагодариме на сите за дарежливоста и поддршката на добротворната акција на Тони. Не можеме да бидеме посреќни што парите ќе одат на место кое е толку значајно за нашето семејство“ – изјавила неговата мајка.
Тони бил мотивиран да започне да собира средства, откако ја слушнал приказната за Капетан Том – 100-годишен старец кој собра 40 милиони долари со тоа што изоди 100 кругови околу својата градина во карантин.
Неговата донација била за медицинските работници од Националната здравствена служба (NHS).
Биолошките родители на Тони се осудени на казна затвор од 10 години.