Почетна » Новости » Занимливости » Инспиративни цитати кои ќе ве мотивираат да водите поисполнет и посреќен живот

Инспиративни цитати кои ќе ве мотивираат да водите поисполнет и посреќен живот

Ширете добрина, истражувајте го светот и живејте со полни гради. Инспиративни цитати за убавината на животот ќе ве мотивираат секогаш да гледате на светлата страна и несебично да им помагате на оние на кои им е тоа потребно.

Тајната на среќата се крие токму во вас.

Среќа

„Биди промената која сакаш да ја видиш во светот“

Махатма Ганди

„Живот е она што ти се случува додека си зафатен правејќи други планови“

Џон Ленон

„Вашето време е ограничено, затоа не трошете го живеејќи туѓ живот“

Стив Џобс

„Бидете свои, бидејќи оригиналот е секогаш повреден од која било копија“

Сузи Касем

„Понекогаш твојата среќа е изворот на твојата насмевка, но понекогаш насмевката може да биде изворот на твојата среќа“

Тик Нјат Хан

„Топлата насмевка е универзален јазик за љубезност“

Вилијам Артур Вајд

„Направете нешто прекрасно, можеби луѓето ќе ве имитираат“

Алберт Швајцер

„Смислата на животот не е да се пронајдете себеси. Смислата на животот е да се создадете себеси“

Џорџ Бернард Шо

„Ниту еден чин на добрина, без разлика колку е мал, никогаш не е залуден“

Езоп

„Верувајте дека можете и веќе сте на половина пат до успехот“

Теодор Рузвелт

„Каде и да одиш, оди со целото свое срце“

Конфучиј

„Денес подари му насмевка на лице кое не го познаваш. Тоа можеби ќе биде единствениот сончев зрак што ќе го огрее цел ден“

Џексон Браун Џуниор

„Тоа што го добивате со исполнувањето на вашите цели не е толку важно колку она што вие ќе станете со остварувањето на вашите цели“

Зиг Зиглар

„Кога ќе направите нешто убаво и никој не го забележи тоа, не бидете тажни. Бидејќи сонцето секое утро е прекрасен спектакл, а сепак поголемиот дел од публиката сè уште спие“

Џон Ленон

„Личност која никогаш нема направено грешка, никогаш не пробала ништо ново“

Алберт Ајнштајн

„Никогаш не жали за нешто што те насмеало“

Марк Твејн

„Понекогаш не ја знаеме вредноста на моментот, сè дури не стане спомен“

Теодор Сус Гајзел

„Сомнежот убива повеќе соништа, отколку што тоа го прави неуспехот“

Сузи Касем

„Ние не се сеќаваме на деновите, се сеќаваме на моментите“

Чезаре Павезе

„Луѓето се најубави кога зборуваат за нешто кое навистина го сакаат со страст во нивните очи“

KVH

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.