Животот на Гуо Шиџун никогаш не бил лесен, но тој упорно ги издржува сите нанесени удари и продолжува напред.
20-годишниот Кинез доаѓа од сиромашно семејство. Уште кога бил мал, неговата мајка се разболела од менингитис, кој оставил последици врз нејзиното ментално здравје. Додека растел, Гуо и неговиот татко се грижеле за неа. И покрај семејните проблеми, Гуо редел успеси на училиште.
Но, животот му донел уште една голема пречка во 2012 година, кога неговиот татко паднал од висок мост и останал парализиран од струкот надолу. Бабата и дедото на Гуо ја презеле грижата за мајка му, но не можеле да се грижат и за неговиот татко.
Па, пожртвуваниот син изнајмил соба во близина на својот студентски дом за да може да го посетува татко си за време на паузите. За да продолжи со студирањето и да се грижи за родителите, Гуо позајмил пари од роднини и пријатели.
Со добрите оценки тој успеал да добие стипендија, а дури и добил дозвола од факултетот за да го земе татко си во својата студентска соба. „Не можам да речам дека животот е лесен, но единствениот излез од проблемот е преку напорна работа, па не се жалам. Сметам дека откако ќе дипломирам, ќе биде полесно“ – пишува Daily Mail, пренесувајќи изјава на Гуо.
Сторијата на амбициозното момче привлече многубројни позитивни коментари и пофалби, а неговата љубов и посветеност кон семејството разнежни илјадници срца.