Почетна » Новости » Животни стории » Татко со неизлечив рак ја однесе ќерка си до олтар на фиктивна свадба

Татко со неизлечив рак ја однесе ќерка си до олтар на фиктивна свадба

Џози Зец е сѐ уште премногу млада за свадба, но татко ѝ ја однесе до олтарот затоа што нема да биде жив кога таа навистина ќе го каже судбоносното „Да“.

Борејќи се со рак на панкреасот во напредна фаза, Џим Зец знае дека не му останува уште многу време на овој свет, а тоа ја прави церемонијата одржана во нивниот двор уште поемотивен настан.

Џим и Џози

Најблиските роднини на семејството присуствувале на кратката церемонија на која 62-годишниот татко ја однел својата ќерка до импровизиран олтар. „Татко ти можеби нема да може да те види кога ќе се мажиш, но денес тој е тука за да те однесе до олтар. Врската татко-ќерка е една од најспецијалните врски во животот“ – рекол свештеникот, додека Џим и Џози се обидувале да ги задржат солзите.

Џим и Џози Џим и Џози Грејс, Џим и ЏозиЏози со својата мајка Грејс и таткото Џим Грејс, Џим и Џози Џим и Џози

Фиктивната свадба била организирана од фотографката Линдзи Вилаторо, која често фотографира семејства погодени од неизлечива болест. Пред свадбата таа направила фотосесија со семејството, а потоа ја објавила приказната на својот сајт. На почетокот идејата била заинтересираните лица да можат да донираат подароци со цел последниот роденден на Џози со нејзиниот татко да биде незаборавен. Но, потоа Линдзи започнала да планира фиктивна свадба. „Еден ден се разбудив и сфатив дека имам можност да променам нечиј живот кон подобро“ – објаснила таа.

„Во иднина, ова многу ќе ѝ значи. Секогаш ќе го памети“ – рекол Џим, гледајќи во насолзените очи на својата ќерка.

Видеото го следи емотивниот настан.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20793 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.