Почетна » Новости » Животни стории » Сиромав Индиец освои милион долари исто како во „Slumdog Millionaire“

Сиромав Индиец освои милион долари исто како во „Slumdog Millionaire“

Сиромашен државен службеник, кој доаѓа од најбедните региони во источна Индија, стана првата личност која освоила еден милион долари во индиската верзија на шоуто „Кој сака да биде милионер?“.

Приказната на Сушил Кумар и неговата победа многу потсетува на филмскиот хит „Slumdog Millionaire“, кој доби Оскар во 2008 година.

Сушил Кумар со својата сопруга и водителот на шоутоСушил Кумар со својата сопруга и водителот на шоуто

Кумар им раскажал на гледачите дека потекнува од толку сиромашно семејство што не можеле да си дозволат да купат телевизор, па познатиот квиз го следел кај своите соседи. Гледајќи како без многу труд ги погодува одговорите на поставуваните прашања, соседите го поттикнале да се пријави за учество.

Среќниот Индиец за првпат се качил во авион за да стигне до студиото на шоуто во Мумбаи. Тоа воедно била и неговата прва посета на голем град.

Пред да се појави во телевизиското шоу, Кумар заработувал по 120 долари месечно, а држел приватни часови за да оствари дополнителна заработка.

Тој влегол во студиото уверен дека ќе заработи 50.000-100.000 долари, но не ни помислувал дека го очекува големата награда. Кога стигнал до 13-тото прашање, сакал да си замине со заработените 200.000 долари, но решил барем да го ѕирне последното прашање.

„Кога го погледнав прашањето, не го знаев одговорот, но продолжив да зјапам во него долго време и одеднаш сфатив дека две од четирите опции дефинитивно не се точни“ – раскажал 27-годишниот Кумар, кој го погодил прашањето користејќи еден од џокерите.

Организаторите не откриваат кое било милионското прашање затоа што емисијата сè уште не е прикажана на телевизија.

„Ти влезе во историјата. Стигна толку далеку поради твојата смелост и решителност“ – му рекол водителот на шоуто. Сушил и неговата сопруга, со која е во брак четири месеци, плачеле од среќа кога им бил доделен „дебелиот“ чек.

Скромниот Кумар планира со дел од парите да плати обука за да полага индиски испит за државен службеник, кој ќе му донесе сигурна и престижна работа. Уште и планира да купи куќа за неговата сопруга, да ги отплати долговите на неговите родители, а и да им даде пари на своите браќа за да започнат сопствени бизниси.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.