Млада мајка на две дечиња ја сподели јавно својата сторија за да ја подигне свеста за ракот на дојка и да ја истакне важноста на редовните самопрегледи.
Македонската докторка Марија Бунда Калпак, што досега ни беше позната како докторката која ги прави најприродните усни, сега е во фокусот со борбата со рак на дојка. Таа храбро со два поста на Instagram објави дека веќе седум месеци се бори со рак и раскажа за моментот кога ја добила дијагнозата на
Рак на гради на 28 години? Да, тоа сум јас!
Не мислев дека мене ќе ми се случи, ниту пак, дека ова некогаш ќе го пишувам 2 дена после операција.. Упс не, 2-ра операција за 2 недели.
Поминаа 7 месеци од првичната дијагноза и сега имам храброст да ја споделам оваа приказна зошто знам дека може да помогне на многумина и да ја подигнеме заедно свеста за оваа превалена болест.
Јас лично бев до пеколот и назад... И сè уште сум на патот. Не, не беше сѐ лошо и сум благодарна и заради многуте добри работи што ми ги донесе ова патување. Не е завршено, продолжува и ќе продолжи цел живот. Сепак сум уверена дека животот ни носи само онолку колку што можеме да издржиме, а тоа ќе нè направи посилни.
Малку подоцна, Марија напиша уште еден текст за да раскаже повеќе за добивањето на страшната дијагноза.
ОК, ќе почнам од почеток. Како открив? Ден после сликава.
После прекинот на доењето со моето второ дете, ми се појави „грутка“ во левата града – но навикната на дензни гради (сите мајки што доеле знаат) мислев дека не е ништо. Како и да е, отидов на преглед затоа што грутката се зголемуваше и почна да ме боли. Направив ехо кај доктор што нема да го споменувам и бев уверена дека сè е во ред. „Ова е само густо масно ткиво“.
Е тука е мојата најголема грешка што сликите од ехото не ги покажав на мајка ми. Мајка ми е инаку радиолог за гради во Англија и е ментор на специјализанти од Кембриџ. Не ѝ кажав за сето ова, дури по 2 месеци, кога навистина почна да се зголемува и сериозно се загрижив. Итно направивме магнет со контраст на дојка и тогаш ги слушнав најлошите зборови во 2020 година од мајка ми (ако мислите сте имале лоша година, размислете уште еднаш) – „Марија ова изгледа малигно“. После тоа веднаш направивме биопсија за да се одреди каков вид на карцином е – мојот беше Естроген позитивен, ХЕР негативен.
И тоа претставуваше почеток на најлошата недела во мојот живот – неверување, страв, обвинување.
Но, поуката од ова е:
Редовно правете си самопреглед. Ако забележите нешто (топче, грутче, болка, исцедок), веднаш одете на лекар. Како што знаете кај нас, а и секаде во светот, после 40-та година се прави скрининг секоја година со мамографија. Тоа е најлесниот и најевтиниот начин. Прегледот трае 5 минути и тоа е тоа.
Но, за сите нас пред таа возрасна група – златно правило – самопреглед и свесност за своето тело.
Прочитајте повеќе за самопреглед на дојките и рак на дојка.