Почетна » Новости » Животни стории » „Прекрасно лице на надеж“: 6-месечниот Лео кој го победи коронавирусот шири оптимизам во Италија

„Прекрасно лице на надеж“: 6-месечниот Лео кој го победи коронавирусот шири оптимизам во Италија

Малиот Леонардо е борецот кој го зајакнува духот на населението во Ломбардија. 6-месечното бебенце го победи коронавирусот и стана зрак надеж во големата криза.

Цели 50 дена Лео се борел со КОВИД-19 пред да може да се врати дома.

Лео

Градоначалникот на Корбета, Марко Баларини, го нарече Лео „прекрасно лице на надеж“.

„Денес имаме причина да се смееме и да бидеме среќни, да чувствуваме дека сме дел од заедница. Денес, гледаме во прекрасното лице на надеж. Корбета го пречекува Леонардо кој тукушто беше испишан од болница откако го победи КОВИД-19. Благодарам многу, Лео и им благодарам на родителите кои никогаш не се откажаа. Тие донесоа лето во срцата на граѓаните на Корбета!“ – рече тој.

Мајката на бебенцето за лолакните медиуми изјавила: „Бев загрижена многу, особено навечер. Не ѝ го посакувам тоа на ниту една мајка.“

Италија е една од најпогодените земји од пандемијата со коронавирус. Заболени се над 110.000 лица, а починале над 13.000.

Милано

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20815 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.