Фотографија од маж кој седи на прозорец од болница крши срца низ целиот свет, но е одраз на реалноста во која сите живееме во моментов.
На неа е фотографиран Џихад Ал-Суваити од Палестина. Секој ден, тој се качувал на прозорец за да биде покрај мајка си, која била хоспитализирана поради КОВИД-19. Таа починала пред една недела.
Од болницата велат: „Тој помина најголем дел од деновите таму, набљудувајќи ја состојбата на мајка си од надворешната страна на прозорецот. Слегуваше само кога ќе се увереше дека мајка му е заспана“.
Трогнат од приказната на Џихад, артистот Мохамед Сафа создаде трогателна илустрација, која допре до илјадници луѓе.
Во Палестина досега има регистрирано 8.916 случаи на КОВИД-19, од кои 63 биле со смртен исход.