Почетна » Новости » Животни стории » Последната молба на една сестра: „Преземи го моето место“

Последната молба на една сестра: „Преземи го моето место“

Џеки ДеВита, 42-годишна мајка на три деца, болна од рак во терминална фаза, упатила специјална молба кон својата сестра, Колин. Подавајќи ѝ ја својата бурма, Џеки ја замолила Колин да се грижи за нејзините деца и за нејзиниот сопруг. „Немој никогаш да ги напуштиш моите деца“ – ѝ рекла таа.

Колин со фотографија од ЏекиКолин со фотографија од Џеки

Пред четири години, Џеки знаела дека ќе изгуби сè – својот сопруг, трите деца, прекрасниот дом кој сама го создала и својот живот. Но, таа сакала нејзиното семејство да може да продолжи да живее како дотогаш, па затоа ја замолила својата немажена сестра да го заземе нејзиното место во семејството.

Една година подоцна, во 2008 година, Џеки починала знаејќи дека нема некоја непозната да го наследи нејзиниот дом, љубовта на нејзиниот сопруг или странец да ги расте нејзините деца. Три месеци по погребот на Џеки, стоејќи си на својот збор, Колин се омажила за нејзиниот зет за сестра, Ричард ДеВита.

„Знам дека го имаме нејзиниот благослов“ – изјавила Колин, која денес ја носи истата бурма што некогаш ја носела нејзината сестра.

Џеки и Колин биле родени на само 50 недели растојание. Често ги нарекувале и близначки. „Иако таа имаше сини очи и покостенлива коса, а јас имам темна коса и темни очи, луѓето нè сметаа за близначки“ – изјавила Колин.

Колин прва се запознала со Ричард кога започнала да работи во неговата стоматолошка ординација. Неколку години подоцна и Џеки се вработила на истото место и набрзо започнала врска со Ричард.

Во 1994 година Џеки и Ричард стапиле во брак.

„Од моментот кога Џеки и Ричард се запознаа, тројцата постојано бевме заедно. Секоја недела се дружевме на плажа. Јас не сум странец за децата. Тие ме познаваат како што ја познаваат својата мајка“ – изјавила Колин.

Џеки и КолинЏеки на свадбениот ден заедно со својата сестра

„Често зборуваме за тоа, зошто јас никогаш не се омажив и зошто бевме толку блиски. Џеки ќе одеше во Монтана со Ричард една недела или 10 дена и ќе ги оставеше децата со мене“ – раскажала Колин.

Ричард пак изјавил дека и тој отсекогаш се чудел зошто Колин никогаш не се омажила и смета дека тоа е дело на Господ.

Откако кај Џеки бил дијагностициран рак, Ричард ги искористил сите свои контакти за да пронајде соодветно лекување. По неколкугодишна битка со смртоносната болест, било јасно дека Џеки нема да успее да преживее.

„Се сеќавам дека имаше поминато година и пол по откривањето на болеста и таа ја извади бурмата што Ричард ѝ ја имаше дадено, ми ја даде, но јас ја одбив. Тогаш таа ми рече: Сакам да го имаш ова. Сакам да знам дека ова сме ние тројцата. Немој никогаш да ги напуштиш моите деца“ – раскажала Колин.

Колин, Ричард и трите деца Колин, Ричард и трите деца (едното има Даунов синдром)

Ричард признал дека на почетокот не ја сакал многу Колин, но за време на болеста на Џеки многу се зближиле. „Со децата најдовме нешто што Џеки го имаше напишано: Жалам Ричард, сакам Колин да се грижи за нашите деца и се надевам дека ќе имаш разбирање“.

Еден месец по смртта на Џеки, Ричард ја побарал раката на Колин од нејзиниот татко, а исто така побарале дозвола и од трите деца.

„Немаше причина да чекаме. Тој ги праша децата за дозвола. Беа возбудени и воопшто не беа шокирани од нешто.“ – рекла Колин.

Три месеци по смртта на Џеки, Колин станала г-ѓа ДеВита. Многу од пријателите на Ричард биле против бракот, особено затоа што свадбата била толку кратко време по погребот на Џеки. Исто така бракот не го прифаќала и мајката на Џеки и Колин.

„Мислам дека мајка ми беше многу тажна. Сега сме во ред. Луѓето жалат на различни начини“ – објаснила Колин.

„Среќна сум. Го сакав овој маж како шеф, како зет за сестра и сега како сопруг. Секогаш им велам на луѓето: Дали бев заљубена во него? Не. Дали го сакам сега? Да. Тој е добар човек“ – дополнила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.