Почетна » Новости » Животни стории » Позитива на денот: Најмалото бебе родено кај нас во 2021 со само 665 грама конечно си заминува дома со тежина од над 2 кила

Позитива на денот: Најмалото бебе родено кај нас во 2021 со само 665 грама конечно си заминува дома со тежина од над 2 кила

Малата Бехра херојски се избори за својот живот. Со тежина од 665 грама, таа е најмалото бебе родено кај нас во 2021 година.

Денес, Бехра тежи 2 килограми и 190 грама. По 67 дена поминати на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, малото бебенце конечно си замина дома со своите родители.

Приказната и фотографиите ги сподели министерот за здравство Венко Филипче.

Бехра

„Малата Бехра кога се роди тежеше само 665 грама и беше долга 30 сантиметри, таа е најмало бебе во 2021 година. Оваа мала хероина 67 дена помина на УК за гинекологија и акушерство во Скопје, на неонатолошките интензивни одделенија.“

„Со помош на стручниот тим на Клиниката и најсофистицираната опрема Бехра денеска си заминува дома со 2.190 грама телесна тежина. Не може да се опише радоста на нејзините родители кои дојдоа да го земаат нивното првенче. На Бехра и посакувам многу здравје, безгрижни детски денови исполнети со многу љубов и среќа“ – напиша тој.

Бехра Бехра Бехра Бехра

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.