Почетна » Новости » Животни стории » Парот кој по осум години неплодност доби два пара идентични близначки ја раскажа својата приказна

Парот кој по осум години неплодност доби два пара идентични близначки ја раскажа својата приказна

Сторијата на Ешли и Тајсон Гарднер пред три години го обиколи светот. Парот, кој по осум години борба со неплодност доби два пара идентични близначки, се отвори за проблемите и предизвиците низ кои помина за денес да може да се радува на своите четири здрави и среќни ќеркички.

Гарднер

Имено, Гарднер цели осум години не успеале да добијат ниту еден позитивен тест за бременост, а тоа ја убивало секоја капка надеж во нив дека еден ден ќе имаат свое биолошко дете.

По долги истражувања и консултации со бројни доктори, Ешли открила дека страда од ендометриоза, поради што не можела да забремени. Откако ѝ била направена операција, тие се обидувале да имаат дете уште една година, но залудно. Како последна шанса решиле да се обидат со ин витро.

Постапката за вештачко оплодување минала успешно. Среќата на Ешли и Тајсон била уште поголема кога тие дознале дека ќе добијат четири бебенца одеднаш.

Гарднер

Бременоста била многу ризична и тие секоја недела посетувале доктор кој го следел развивањето на плодот во утробата.

Во 20. недела од бременоста, докторите откриле дека се јавил синдром на меѓублизначка трансфузија. Едното бебе ги примало сите хранливи материи преку плацентата, неговото срце чукало премногу брзо и имало шанси да престане да бие, додека другото бебенце не примало никакви хранливи материи и доколку не реагирале навремено, ќе изгладнело до смрт.

Следувала високо ризична операција, која минала успешно и благодарение на докторите, животите на бебенцата биле спасени.

Гарднер

Иви, Инди Меј, Есми и Скарлет се родија во 29. недела од бременоста и тежеа по помалку од 1 килограм, а сега ги изненадуваат родителите со своето неверојатно брзо растење. Неколку дена пред Нова година, тие ќе го прослават својот трети роденден.

ВИДЕО

Парот постојано раскажува за напредокот на девојчињата и со својата приказна цели да им даде надеж на сите оние кои се борат со неплодност.

Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Семејството Гарднер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.