Почетна » Новости » Животни стории » Пар го сподели емотивното опоравување на предвреме роденото синче

Пар го сподели емотивното опоравување на предвреме роденото синче

Објава на пар стана вирален хит, бидејќи низ фотографии ја раскажува борбата на нивното предвреме родено синче.

Дејв Паркер ја раскажа приказната на малиот Александар кој се роди тежок 1,3 кг и надмина многу предизвици за да си отиде дома со родителите. Поради неговата смелост, Дејв го нарекува Александар „Велики“.

Прочитајте ја во целост неговата објава:

Александар Александар Александар

Во октомври, објавивме дека со мојата девојка Челзи се свршивме на болница додека го очекувавме раѓањето на нашиот син. Нејзиниот водењак пукна во 25. недела и останавме на болница до неговото раѓање. На 11 јуни 2021 година, Александар Филип се роди порано и со многу компликации.

Ноќта кога се роди, му дадоа 35% шанси да преживее. Неговото дишење не беше добро и имаше амниотски ленти кои му ги сечеа рацете, ребрата и задниот дел од вратот. Тежеше 1,3 кг и беше екстремно болен, па беше примен во одделот за неонатална интензивна нега.

На 11 ноември 2021 година, Алекс имаше перфорирање на цревата и мораше да помине низ итна операција при која му отстранија 12 сантиметри од цревото. Безброј се солзите и молитвите кои ги кажавме со мојата вереница и ни се чинеше дека никогаш нема да завршат. Бог одговори на многу од нив и беше покрај него.

Алекс се бореше и се подобруваше секој ден. Докторите и сестрите секој ден се вчудовидуваа од неговиот напредок. Денес, по 2 месеци солзи, молитви, подеми и падови, бессони ноќи и денови во кои само спиевме од премор, Алекс си дојде дома со тежина од 3,3 кг и јадеше толку многу што сестрите мораа да му намалат.

Тој е дома, со мама и тато и одлично напредува, бидејќи тоа е тој. Тоа е нашиот син, Александар „Велики“.

Александар Александар Александар Александар Александар Александар Александар Александар

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20794 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.