Почетна » Новости » Животни стории » Ник Канон низ солзи сподели дека починало неговото 5-месечно синче од тумор на мозокот

Ник Канон низ солзи сподели дека починало неговото 5-месечно синче од тумор на мозокот

Ник Канон отворено проговори за најголемата трагедија која може да му се случи на еден родител – загубата на чедо.

41-годишниот актер и комичар објави дека починало 5-месечното синче кое го има со неговата поранешна девојка Алиса Скот. Додека раскажуваше за дијагнозата и последниот викенд кој го поминал со малото бебенце и неговата мајка, Канон не успеа да ги задржи солзите.

Ник Канон

Малиот Зен имал проблеми со дишењето, а неговите родители забележале дека има и малку поголема глава, па поради тоа се консултирале со доктор. За жал, се покажало дека бебенцето имало тумор на мозокот и хидроцефалија (насобирање на течност), па било неодложно оперирано.

Неговата здравствена состојба се влошила околу Денот на благодарноста и туморот растел забрзано. Знаејќи дека Зен нема да живее уште долго време, Ник заедно со Алиса го поминале последниот викенд заедно со нивното малечко.

„Се разбудивме во неделата и чувствував дека сакам да сме блиску до вода, блиску до океанот и имавме можност да одиме на океан“ – раскажа тој.

Поради работните обврски тој требало да отпатува истиот ден кон Њујорк, но на пат до аеродром, свртил и се вратил назад. „Се вратив назад и го видовме не само изгрејсонцето, туку и зајдисонцето“ – рече тој во неговото шоу.

Ник Канон Ник Канон

Зен беше седмо дете на Канон. Тој има 10-годишни близнаци (Монро и Морокан) со Мараја Кери и 4-годишен син и 1-годишна ќерка со моделот Британи Бел. Во јуни оваа година, тој стана татко на 6-месечни близнаци Зион и Зилион со сегашната партнерка Аби Де Ла Роса и на Зен, чиј живот згасна прерано.

Видео

Ник Канон Ник Канон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.