Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бремената Мараја Кери се разголи за Life & Style

ФОТО: Бремената Мараја Кери се разголи за Life & Style

Само неколку дена пред да ги донесе на свет своите близначиња, Мараја Кери реши да ја овековечи својата бременост преку интимни фотографии.

41-годишната пејачка позираше полугола за списанието „Life & Style“. Таа гордо го разголи своето големо стомаче и со рацете и косата ги покри своите гради.

Мараја Кери

Иако се чувствувала ранлива, Мараја признала дека го прави ова за да го сподели со своите најверни обожаватели.

„Не сакав да ја пропуштам приликата да го документирам овој настан кој се случува еднаш во животот. Мојата крајна цел беше да го споделам овој неверојатно личен момент со моите вистински фанови“ – изјавила таа за Life & Style.

Иако среќната мајка треба да се породи за неколку недели, голема е веројатноста близначињата да се родат порано од планираното. На 27 март Кери беше и хоспитализирана поради тоа што имаше контракции, но докторите набрзо ги ставиле под контрола.

„Сега чувствувам толку многу почит кон сите мајки, особено кон оние кои имале проблематична бременост. Секоја седмица треба да имаме Ден на мајките“ – изјавила Мараја.

Нејзиниот сопруг, Ник Канон, изјавил дека сега многу повеќе ја цени, ја сака и ѝ се воодушевува на Мараја.

Вчера во радио емисија тој признал дека жали што учествувал во гола фотосесија со својата бремена сопруга. Уметничките фотографии од таа интимна фотосесијата треба да бидат изложени на ѕидовите во нивниот дом.

„Моите деца ќе треба да ги видат тие слики. Малку е чудно. Кога ќе пораснат и ќе им дојдат пријатели на гости, ќе ги видат сликите и ќе им речат: Еј, задникот на татко ти е гол“ – изјавил Канон и рекол дека ќе ги тргнат сликите веднаш штом децата потпораснат и започнат да разбираат.

Мараја не е единствената славна личност која се има разголено за време на бременоста. Тоа претходно го имаат направено Деми Мур, Кристина Агилера, Бритни Спирс, Миранда Кер, Моника Белучи, Клаудија Шифер и многу други.

Бритни СпирсБритни Спирс Деми МурДеми Мур
Кристина АгилераКристина Агилера Клаудија ШиферКлаудија Шифер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.