Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бремената Мараја Кери и сопругот целосно голи за „ОК“

ФОТО: Бремената Мараја Кери и сопругот целосно голи за „ОК“

Бремената Мараја Кери повторно се разголи, а овој пат ѝ се придружи и нејзиниот сопруг, Ник Канон.

Фотографијата која се најде на насловната страна на списанието ОК за многумина е невкусна и веројатно нема да погрешиме ако кажеме дека Мараја можеше оваа слика да си ја зачува само за себе.

Разголената Кери се насмевнува додека нејзиниот сопруг ѝ ги покрива градите со неговите раце.

Мараја и Ник

Внатре во списанието има и други интимни фотографии кои ќе бидат изложени во домот на Ник и Мараја.

Мараја и Ник

Неодамна Ник изјави дека жали за голите фотографии. „Моите деца ќе треба да ги видат овие фотографии... Малку е чудно“ – призна тој, но сепак сликите се најдоа пред очите на јавноста.

Само пред неколку дена Мараја се појави гола на насловната страна на списанието Life & Style. Тогаш фотографијата делуваше уметнички и можевме да ѝ поверуваме дека навистина го направила тоа за да го сподели важниот момент од животот со своите верни обожаватели.

А сега?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20804 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.