Почетна » Новости » Животни стории » Модел сподели како е да се живее со дете со Даунов синдром со цел да ги руши стереотипите кај луѓето

Модел сподели како е да се живее со дете со Даунов синдром со цел да ги руши стереотипите кај луѓето

Моделот Аманда Бут се отвори за Harper’s Bazaar за животот со синчето со Даунов синдром со цел да ги руши стереотипите кои владеат во општеството.

Со својот текст, 30-годишната мајка цели да ја зголеми свеста за Дауновиот синдром. Аманда е убедена дека кога луѓето би можеле да ѕирнат во нејзиниот живот, процентот на прекинати бремености поради ова генетско нарушување би се намалил.

Аманда Бут Аманда Бут Аманда Бут Аманда Бут

„Кога се роди Мика, имаше толку многу компликации и сомнежи, но токму во тие моменти јас ја открив неговата сила и тој ме научи да ја видам мојата. Сè уште знам многу малку за Дауновиот синдром, вистина е, но знам многу за Мика“ – открива Аманда.

„Мика е различен, но не онака како што вие си мислите. Тој секогаш зјапа во моите очи и јас можам да ја почувствувам поврзаноста. Неговиот дух зрачи низ собата и секој може да го почувствува тоа. Има толку многу темнина на овој свет, знам дека луѓето треба да бидат потсетени на доброто. Мика е доброто. Па, тука сум и само се обидувам да го пренесам доброто“ – додава таа.

Бут откри дека воопшто не сакала да прави генетски тестирања во текот на бременоста и дека не знаела дека ќе има дете со Даунов синдром. Но, таа вели дека дури и да знаела за нарушувањето на нејзиниот син, никогаш не би ја прекинала бременоста.

„Има толку многу застарени информации за Дауновиот синдром, а луѓето мора да ја знаат вистината. Процентот на прекинати бремености поради тестирања е застрашувачки и јас знам дека ако луѓето можат да ѕирнат во животот кој би можеле да го имаат, тој процент би можел да се намали – смета Аманда.

Аманда Бут Аманда Бут Аманда Бут Аманда Бут

Преку својот профил на Instagram, Аманда постојано им овозможува на обожавателите да фрлат поглед на нејзиниот живот со Мика, иако вели дека троловите многу ја растажувале на почетокот.

„Веднаш се заљубив во бебињата кои ги гледав, грижливите родители и љубовта која ја споделуваа. Имав потреба да бидам дел од тоа. Не се плашев од реакциите на луѓето, споделувањето на нашата приказна не беше за нив, туку за луѓето кои имаа потреба од неа и знаев дека тие ќе нè најдат нас“ – вели синоокиот модел за причината зошто започнала да го споделува својот живот на социјалните мрежи.

„Но, тоа не значи дека стомакот не ми се преврти кога наидов на првите интернет тролови. Плачев за мојот син, но сум потполно свесна за предизвиците со кои може да се соочи во иднина, а ова само ме соочи со реалноста порано од очекуваното. Па, добро! Ми требаше малку пракса пред син ми да порасне и да ја слушне негативноста, за да можам да го воспитам да биде поголем од тоа. Да чекори на оваа земја со полно срце, да има милост кон луѓето кои не го разбираат и смелост да им ја покаже“ – Аманда смело ја продолжува својата приказна.

Аманда Бут Аманда Бут Аманда Бут Аманда Бут Аманда Бут Констанс ХолМика со татко си

Аманда вели дека пред да го роди Мика си мислела дека ќе се врати на работа шест недели по породување и дека животот ќе ѝ се врати на нормалната патека, но дека сега чувствува одговорност да го израсне Мика во силна личност која ќе знае да се носи со предизвиците.

„За мене најтешкиот дел беше што знаев дека имам одговорност кон Мика, да го форсирам и да му ги дадам сите алатки кои ги имам за тој да порасне и да научи. Знаев дека ќе го ожнеам она што ќе го посадам. Не сакав да му дозволам да оди по полесниот пат само затоа што „не може“ да прави одредени нешта. Никако. Само имаше потреба од мене за да му покажам како да ги прави. Тоа е најголемиот благослов во ова, навистина. Никогаш не би можела да дозволам Мика само да постои или да оставам некој од нас да прелета низ неговиот живот, пропуштајќи ги сите тие магични моменти. Сè доаѓа и заминува брзо за сите останати. Тоа не е случај со нас“ – раскажа Аманда за нејзината улога како мајка.

Аманда Бут Аманда Бут Аманда Бут Аманда Бут Аманда Бут

Сега, таа се залага максимално да ја подигне свеста кај луѓето за лицата со Даунов синдром и да им покаже дека тие заслужуваат шанса.

„Сега, кога Мика е веќе дете, јас започнувам да се застапувам за него. Сакам луѓето да го видат поради личноста која што е. Сакам тие да ја препознаат неговата способност и да си дозволат себеси да му дадат шанса за да успее. Сакам тие да не ја пропуштат љубовта која што тој ја има да им ја даде. Тој нема да пропушти ништо, тоа е мојата работа. Ете, се осмелив да ги уништам сите стереотипи токму пред вас. Што е посилно на овој свет од љубовта и поврзаноста? Животот би бил здодевен кога би бил лесен“ – вели Аманда. Таа му порачува на својот син: „Нема да биде лесно, но би била среќна кога би те гледала како се трудиш напорно и ги поместуваш границите“.

Аманда Бут

A video posted by Amanda Booth (@amanda_booth) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20805 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.