Почетна » Новости » Животни стории » Малиот херој Адријан ја победи болеста и заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во Скопје

Малиот херој Адријан ја победи болеста и заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во Скопје

Ѕвончето на Детската клиника во Скопје повторно заѕвони, означувајќи уште една победа над опаката болест со која се борат дечињата на онколошкото одделение.

Малиот Адријан како херој со аплауз беше испратен од персоналот на клиниката, но пред да си замине радосно ѕвонеше на ѕвончето.

Адријан Адријан

Мајката на Адријан, Марта Стојковска, на Facebook им се заблагодари на вработените кои постојано беа покрај нив.

Како да започнам да го славам овој ден ако не со БЛАГОДАРАМ?

Му БЛАГОДАРАМ на БОГА што со неговата милост и сила ни помогна да го поминеме овој најтежок период и да излеземе победници, а мојот син ХЕРОЈ.

Му благодарам на целиот персонал од болницата кој несебично беа тука за нас и правеа сè што можеа за мојот син и сите деца БОРЦИ.

И мора да се биде БОРЕЦ и мора да се биде силен, само така и со верба во БОГА ќе помине сè и ќе се победи секое зло.

Излеговме како победници, излегоа и многу пред нас, но она што е моја желба е и сите после нас да излезат како такви, зошто верувајте, овие деца го заслужуваат тоа и само тоа. Да бидат ПОБЕДНИЦИ и ХЕРОИ.

Адријан Адријан

Минатата година, за роденденот, Адријан се сретна и со тогашниот министер за здравство Венко Филипче.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.