Вард Мајлс Милер е мал борец кој се роди прерано, но успеа да се избори за живот. Малото детенце се родило три и пол месеци предвреме, а четири дена по раѓањето тежело нешто повеќе од 600 грама. Никој не можел да каже дали ќе преживее. Првите 107 дена од својот живот ги поминало на одделение за интензивна нега, каде закрепнало доволно за да замине дома. Денес Вард има 16 месеци и е здраво момче со кое неговите родители се гордеат.
Видеото ја следи првата година од животот на Вард, а е снимано од неговиот татко, Бенџамин Милер. Во видеото е прикажан и емотивниот момент кога мајката Линдзи за првпат ќе го земе своето бебе в прегратка.
„Ова е приказна за љубовта на мајката кон своето бебе...“ – пишува Бенџамин на својот блог.
Видеото е драгоцен и незаменлив подарок за роденденот на Линдзи.