Џунипер Френч е девојче со борбен дух кое се родило четири месеци предвреме. Никој не можел да каже дали ќе преживее малото бебенце кое тежело само 570 грама.
Докторите ги предупредиле родителите дека шансите Џунипер да почине или да има сериозни здравствени проблеми биле огромни. За време на шестмесечниот престој в болница, Џунипер неколку пати била на работ на смртта, но со помош на мала армија доктори ја продолжувала долгата борба за живот.
Џунипер покажала дека и во мало тело може да се крие огромна желба за живот. Овој месец таа ќе наполни три години и на голема радост на родителите, таа се развива без сериозни здравствени компликации.
Погледнете го видеото со приказната за малата Џунипер.