Почетна » Новости » Животни стории » ВИДЕО: Загубеното момче од Индија кое со Google Earth по 25г. се врати дома

ВИДЕО: Загубеното момче од Индија кое со Google Earth по 25г. се врати дома

Минатата година светот го обиколи приказната на Сару Брајрли, момчето кое по 25 години успеа да се врати дома благодарение на Google Earth.

Сару со мајка сиСару со мајка си

Сару имал само 5 години кога се изгубил. Еден ден заедно со својот брат Гуду отишол на железничка станица каде ги пребарувале купеата за да пронајдат паднати монети. Бидејќи бил многу уморен му рекол на својот повозрасен брат дека сака малку да поспие пред да се вратат дома. Гуду се согласил. Уверен дека неговиот брат ќе се врати да го разбуди, Сару заспал на клупа. Но, кога се пробудил, Гуду не бил таму. Без многу да размислува, малото момче влегло во првиот воз со надеж дека брат му ќе биде токму таму. Надевајќи се дека нема да помине многу време пред Гуду да го пронајде, Суру повторно заспал. Кога се разбудил, возот бил на пат за Калкута.

Извесен период Сару живеел на улиците во Калкута, а потоа завршил во сиропиталиште. За среќа, малото изгубено момче било посвоено од грижливи родители од Австралија. Како што растел, така Сару имал сè поголема желба да го пронајде своето семејство. Потпирајќи се на спомените од детството и користејќи Google Earth, тој успеал да го лоцира стариот дом каде ја пронашол својата мајка.

Емотивната приказна сега е раскажана преку зборовите на Сару во краток филм на Google Maps.

„Беше игла во стог сено, но иглата беше таму“ – вели Сару во видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.