Почетна » Новости » Животни стории » Бура од емоции: Родители се среќаваат со киднапираниот син кој упорно го барале 24 години

Бура од емоции: Родители се среќаваат со киднапираниот син кој упорно го барале 24 години

Љубовта на родителите е посилна од сè и никогаш не згаснува.

Животната приказна на Гуо Гангтанг и неговата сопруга е доказ за тоа. Нивниот син бил киднапиран од двојка која тргувала со луѓе додека си играл пред семејниот дом.

Доброто е што оваа приказна има среќен крај и покрај тоа што требало да поминат 24 години за родителите повторно да го прегрнат нивното момче. Емотивниот момент бил снимен, а видеото расплака милиони лица низ светот.

„Душо, душо, душо. Те најдовме сине мој, сине мој“ – вика мајката на момчето додека плаче неутешно.

Гуо Синџен имал само 2 години кога во 1997 година бил одделен од родителите и продаден. Полицијата отворила истрага за пронаоѓање на момчето, но случајот останал нерешен.

Гуо Синџен

Затоа, господин Гангтанг одлучил да ги земе нештата во свои раце. Цели 24 години, упорниот татко возел низ земјата со мотоцикл и фотографија од синот, трагајќи по него. Тој се откажал од својата работа, ја истрошил целата заштеда, поминал половина милион километри, бил повредуван во сообраќајни незгоди и променил 10 мотоцикли, но во ниту еден момент не дозволил во него да згасне надежта дека ќе го пронајде неговото момче.

Гуо Синџен Гуо Синџен Гуо Синџен

Инспиративниот татко бил поттик за снимањето на филмот „Lost and Love“ со што привлекол огромно внимание во својата татковина и помогнал во обединувањето на многу семејства со нивните изгубени деца. Околу 24 години по киднапирањето на неговиот син, со помош на ДНК тест, полицијата успеала да го лоцира момчето, а парот одговорен за неговото киднапирање бил уапсен.

Гуо Синџен Гуо Синџен Гуо Синџен

Трејлер за „Lost and Love“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19794 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.