Почетна » Новости » Животни стории » Како од филм: Девојка го изгубила сеќавањето, нејзиниот сакан успеал по вторпат да ѝ го освои срцето

Како од филм: Девојка го изгубила сеќавањето, нејзиниот сакан успеал по вторпат да ѝ го освои срцето

Љубовта на Џесика и Рич е буквално како од филм. Заљубениот маж двапати ѝ го има освоено срцето на својата сакана, бидејќи пред една година таа целосно го изгуби сеќавањето. Тој не се откажува од неа и покрај тоа што постои веројатност да треба и по третпат да се бори за нејзината љубов.

Џесика и Рич Џесика и Рич Џесика и Рич

Џесика Шерман и Рич Бишоп биле во врска само 7 месеци кога во март минатата година, Џесика добила епилептични напади додека патувале заедно кон Лондон. Како последица на нападите, таа доживеала амнезија и не се сеќавала буквално на ништо. Сите спомени, сите личности, сите настани едноставно исчезнале од нејзината глава.

25-годишното момче ѝ помогнало на 20-годишната девојка да стигне до железничката станица, од каде им се јавиле на нејзините родители. Ниту родителите не ѝ помогнале на Џесика да си ги врати спомените.

Џесика со родителитеЏесика со родителите

„Бев преплашена. Немав претстава кои се луѓето. Сите ми беа непознати. Не си го знаев ни името. Сега се сеќавам дека видов една жена како трчаше кон мене, но не знаев која е таа. Ме прегрнуваше и ме прашуваше дали сум добро, но јас само отсутно зјапав во неа. Ми повторуваше дека ми е мајка“ – рекла Џесика, чии родители биле преплашени од нејзината реакција.

Лиза, мајката на несреќната девојка, започнала да ѝ покажува заеднички фотографии во телефонот со надеж дека тоа ќе ѝ помогне да се сети, но залудно.

„Мајка ми започна избезумено да ми покажува фотографии од нас на нејзиниот телефон за да ми го врати сеќавањето. Но, јас не само што не ги познавав моите родители на фотографиите... Туку немав ни претстава како изгледам. Најдов огледало и погледнав во мојот одраз, но ми се чинеше како да гледам непозната личност. Изгледот се совпаѓаше со личноста на фотографиите, па се согласив да одам дома со моите родители“ – објаснила таа.

Џесика со мајка сиЏесика со мајка си

„Мајка ми и татко ми го поканија Рич во нашиот дом, но јас не го познавав и кога ме оставија насамо со него, бев многу исплашена“ – додала таа.

Прегледите покажале дека Џесика има амнезија причинета од епилепсија, состојба од која страдала од 14-годишна возраст, но која никогаш претходно не ѝ го попречувала нормалното живеење.

Докторите ѝ соопштиле дека е можно сеќавањето да ѝ се врати во следните шест месеци или воопшто да не ѝ се врати. Џесика сè уште не се сеќава на ништо од претходните 19 години, но признава дека е по вторпат заљубена во своето момче Рич.

„Се сеќавам дека мразев што ме оставија насамо со него. Не го познавав, но се преправав дека сме заљубени. По две недели, се обидов да ја прекинам врската. Тој беше многу повреден и ми вети дека ќе ми помогне да се сетам колку добро изгледавме заедно. Гледајќи колку е страстен и грижлив, тој на крајот ме убеди дека треба да се грижи за мене и се согласив да му дадам шанса“ – рекла таа.

Рич започнал да ја носи Џесика на прошетки и да ѝ раскажува сè за нивното минато. „Не се сеќавам на првиот пат кога се заљубив во Рич, но се сеќавам на вториот. Тој беше толку трпелив со мене, толку сладок, што не можев да не се заљубам во него“ – открила Џесика.

Џесика и Рич Џесика и Рич Џесика и Рич Џесика и Рич

Полека, полека таа започнала да учи наново за своето минато, за нејзините хобија, интереси и начин на живот, иако таа признава дека била под стрес кога луѓето ќе ѝ пријделе за разговор, бидејќи не ги познавала.

Докторите ѝ рекле дека можно е никогаш да не си ги врати спомените и дека постои 50% шанса повторно да го изгуби сеќавањето. Но, Џесика е убедена дека Рич повторно ќе успее да ѝ го освои срцето.

„Рич направи да се заљубам во него двапати и знам дека може да го направи тоа повторно“ – вели самоуверено таа.

Џесика

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.