Мало девојче, кое пред 18 дена исчезна среде ноќ, беше пронајдено од полицијата живо.
4-годишната Клео Смит била грабната од шатор додека спиела за време на семејно кампување во Западна Австралија. За информации кои би помогнале за нејзиното пронаоѓање била понудена награда од милион австралиски долари.
Клео била пронајдена откако осомничениот 36-годишен маж без деца бил виден како купува пелени.
Објавено е видео снимено непосредно по спасувањето, како и фотографија на која Клео се смее во болница. Во моментов, девојчето е дома, со своето семејство.
What a brave little kid. Moments after Cleo was rescued. #wanews #CleoSmith pic.twitter.com/eePphYVhXA
— John Flint (@Flinty_01) November 3, 2021
Случајот длабоко ја потресе австралиската јавност, а сега сите се радуваат на позитивните вести за Клео.
Осомничениот е уапсен и во моментот е испрашуван од полицијата.