Социјалните мрежи не се само за забава. Преку нив, понекогаш можеме да научиме корисни работи кои ќе ни помогнат во животот.
Исчезната тинејџерка од Северна Каролина била спасена од киднаперот благодарение на знаковен сигнал за помош кој го научила на TikTok.
Станува збор за сигналот за семејно насилство кој 16-годишната девојка го испратила до мотоциклисти кои го препознале и повикале полиција.
Имено, девојката се наоѓала во автомобилот на киднаперот кога тивко се обидувала да побара помош. Лицата кои се возеле на мотоцикл зад нивното возило повикале полиција и продолжиле да ги следат за да можат да ја информираат полицијата за точната локација.
Полицијата го запрела автомобилот и го уапсила 61-годишниот Џејмс Хербет Брик. Девојката два дена претходно била пријавена за исчезната. Таа не била повредена и веднаш била пренесена во болница, по што била обединета со семејството.
Овој сигнал беше создаден во карантинските денови, за жртвите на семејно насилство да можат тивко да побараат помош за време на видео разговор додека се затворени дома.
@kittycatdang Reply to @rn_mom3 hope this helps! Stay tuned for pt. 2 #signalforhelp #stopdomesticabuse #stophumantraficking #spreadawareness #selfdefensetools
♬ original sound - Cat Dang
@nowthis If you see someone make this secret hand signal it means they need help. Feat. @jackienpadilla #learnontiktok #tiktokpartner
♬ original sound - nowthis